Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски гостувајќи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 вчера рече дека во вторник Владата на седница ќе донесе одлука со прецизни детали за ограничување на употребата на службените возила на функционерите.
„Во владина процедура во вторник ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно и јасно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво. Одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа и за одење од дома на работа. По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се паркираат на точно утврдени места. Го регулираме опсегот кој се ќе може да го прави тоа, јасна е постапката, има многу процедури“, рече Николовски.
Тој додава дека во членот 2 и членот 5 од одлуката која е во владина процедура, и треба да се донесе во вторник на седница, се предвидува дека службените возила нема да можат да користат за приватни потреби.
„Во политиката не се влегува поради моќ и позиции, туку заради плата и да им служиме на граѓаните“, вели Николовски.