Вечерва пристигнува првата група граѓани од Авганистан

Facebook
Twitter
Email
Print


На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе пристигне првата група граѓани од Авганистан, соопшти вечерва Владата.

Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека бројката на авганистански цивили, кои работеле за меѓународните организации, што ќе бидат прифатени во земјава флуктуира поради состојбата во Кабул, а граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи нема никаков основ за нарушување на безбедноста и здравјето во делот на оваа оперативна акција.

„Имаше потврда за околу 780 лица, но заради случувањата кои се во Кабул и неможноста да тргнат луѓето од таму и да се заврши оваа мисија таа бројка постојано флуктуира. И МВР и Агенцијата за национална  безбедност и Агенцијата за  разузнавање ги преземаат сите мерки од безбедносен аспект и граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи немаме никаков основ за нарушување на безбедноста во делот на оваа оперативна акција. Од друга страна и Министерството за здравство ги презема сите свои активности и надлежности кои произлегуваат од заштита на здравјето на населението посебно сега во услови на корона вирусот. Ќе се понуди соодветна здравствена нега и вакцинација за тие кои не се вакцинирани“, потенцира Спасовски.

Прецизира дека лицата кои ќе дојдат во земјава ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи