Двајца прилепчани повредени во сообраќајка кај Кадино Село – излетале кај мостот

На 29.08.2021 во 21.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај с.Кадино Село на мостот од Прилепска река, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(43), констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи