Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).
Најголем број на нови случаи се „увезени“од Македонија. Станува збор за 866 повратници.
Другите случаи се од:
Косово (799);
Хрватска (683);
Турција (662).
Во 31 -та календарска недела, биле регистрирани 5.888 инфекции со коронавирус, а во 32 недела, биле регистрирани дури 8.113. Од нив, околу 40 % се однесуваат на повратници од одмор.