На 29.08.2021 во Полициската станица Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека околу 15.00 часот на место викано „Топташ“ настанал пожар, при што била опожарена сува трева, шупа, дрва и една ѕидана помошна просторија, сопственост на З.А.(53) од Прилеп. Исто така, делумно биле зафатени и оштетени околу 70 лози, сопственост на П.П., како и две дрвени бандери, сопственост на АД ЕВН. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а увид извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.