На 29.08.2021 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во кругот на Тутунски комбинат АД Прилеп на ул. „Прилепски бранители“ едно лице ја потпалило сувата трева, при што настанал пожар. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, увид извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.