Кризниот штаб од Кичево бара одложување на почетокот на учебната година и настава од далечина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот на Кризниот штаб и градоначалник на Кичево Фатмир Дехари известува дека следејќи ја внимателно актуелната состојба со коронавирусот во градот Кичево и општината, Кризниот штаб одржа состанок и ги разгледа барањата на Советот на родители од основните и средните училишта.

„По разгледувањето на нивните барања, одлучивме да се обратиме до Комисијата за заразни болести, со барање за одложување на почетокот на новата учебна година или одржување на настава од далечина во одредено време. По добивањето на одговорот од Комисијата за заразни болести ќе бидете навремено известени за почетокот на учебната година“, нашиша Дехари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи