За една седмица 94 нови случаи на ковид-19 во Прилеп, активни случаи 239


Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 23 до 29 август 2021 година, во општина Прилеп имало 94 нови случаи на ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале две лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 239.

На болничко лекување се наоѓаат 25 лица, од кои 21 на кислородна поддршка.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 8.631. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 431 лице.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи