Изложбата „Човек-број“ од Стефан Анчевски во петок во Ликовната галерија

elementor-template id=”49259″]

На 3 септември 2021, петок од 13.00 ч. во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Човек – број“ од уметникот Стефан Анчевски.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

Уметникот Стефан Анчевски за  ликовниот опис на делата со наслов  „Човек – број“

Чекањето на шалтер со бројче во рака е најактуелната форма на нумерирање на луѓето во современиот начин на живеење. Принципот на „земи бројче“ можеби од една страна го олеснува воспоставувањето ред на чекање на шалтери на скоро веќе сите јавни администрации, банки, оператори ит.н. но, од друга страна она „најстрашното“ чекање не е изоставено.  Токму тоа е појдовната точка на овој ликовен проект, кој сосема случајно (во тоа бескрајно чекање) почна да се развива за да го анализира човекот како број, поточно да го претвора или само да констатира дека од човековиот  идентитет ( единствен матичен број), редниот број во училишниот дневник, бројот на индекс, па се до бројот на чевли, среќен број, број на години, број на шеќер во крвта……. човекот се одредува, т.е. дефинира по случајност на броеви. Меѓутоа, не се работи за констатација, туку за чувство што го добивам секогаш кога ќе се повикам на одреден број – јас се претворам во број или бројот станува „јас“?

Изработените графички решенија се со различни постапки и техники добиени по пат на случајност, без контрола врз една од најконтролираните ликовни техники – графиката. Со одбирањето на ваквата постапка ја надополнив содржината  на моите дела – контролирањето и воведувањето ред со броеви на човековото постоење наспроти човековата природа, наспроти она што човекот во својата суштина.

Биографија

  • Стефан Анчевски, роден 10.10.1993 година од Куманово, Р. Македонија
  • Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при

универзитетот „Св. Кирил и Методиј“(2017)

  • Учествува на повеќе групни изложби во земјава и странство и на повеќе ликовни колонии
  • Живее и работи во Кумановоонтакт:

e-mail: condor_stefan@yahoo.com
тел: 071/ 291 – 761
instagram: @stefan.anchevski
facebook: https://www.facebook.com/stefan.anchevski

Награди и признанија:

2019 – Креативен/Арт директор на „Д Фестивал“ – Дојран

2018 – сертификат со препорака за сопствен придонес и успешно креирање на креативниот и музички фестивал „Д Фестивал“ (2018) – Дојран

2014 – Добитник е на прва награда „TrashForArt“

Самостојни изложби:

2021 – Човек-број – НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Групни изложби:

2021 – Изложба на дела – Ликовна колонија Куманово 2020 – Уметничка галерија – Куманово
2021 – Биенале на млади уметници /ˈwɒndəlʌst/ Страст за лутање – Музеј на современа уметност – Скопје

2020 – Кумановски ликовни уметници 2020 – Уметничка галерија – Куманово
2020 – Међународна ликовна колонија „Погановски манастир“ – Димитровград, Србија
2020 – Art Attack 2.0 – Куманово
2020 – 51. Ликовна колонија „Делиблатски песак“ – Панчево, Србија

2019 – Кумановски ликовни уметници 2019 – Уметничка галерија – Куманово
2019 – Матијас (беш)е тука – Галерија ФЛУ – Скопје
2019 – Интернационална ликовна колонија Куманово 2018 – Уметничка галерија – Куманово
2019 – Dev9t festival – Белград, Србија

2018 – MiniFORMArt – Art galerija Tuluz Lotrek – Белград, Србија
2018 – Кумановски ликовни уметници – Уметничка галерија – Куманово
2018 – Ку-Де? – Културна детоксикација – Занаетчиски дом – Куманово
2018 – Враќање дома – меморијален центар Пелинце – Куманово
2018 – Меѓународна ликовна колонија Куманово / Пелинце
2018 – Dev9t festival – Белград, Србија
2018 – Прва колективна изложба – Народна библиотека Вељко Дугошевић – Голубац, Србија
2018 – Карпино 2017 – НУЦК Бели Мугри – Кочани
2018 – Карпино 2017 – Дом на култура – Виница

2017 – Млади уметници – Агенција за млади и спорт – Скопје
2017 – Кумановски ликовни уметници – Уметничка галерија – Куманово
2017 – Карпино 2017 – НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово
2017 – ДримОН фестивал – треш колонија – Струга
2017 – 15-та Меѓународна ликовна колонија Карпино 2017 – Куманово
2017 – Ликовен проект „Темно“ – галерија ФЛУ – Скопје
2017 – Изложба на графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ – галерија ФЛУ – Скопје

2016 – Театарска претстава „TV Box“ – саем Скопје
2016 – Графика мал формат – Сули Ан – Скопје
2016 – Малди уметници – Агенција за млади и спорт – Скопје
2016 – III Međunarodna izložba Mali format – Galerija internacionalnog univerziteta – Нови Пазар – Србија

2015 – Графика мал формат – Сули Ан – Скопје

Ликовни проекти:

2021 – Колаборативен проект „Окно“ на Стефан Анчевски и Ана Јовановска Биенале на млади уметници – Музеј на современа уметност – Скопје

2019 – Организатор на групната изложба Матијас (беш)е тука – Галерија ФЛУ – Скопје
2019 – Креативен/Арт директор на музичкиот фестивал „Д-фестивал“ – Дојран

2018 – Креирање на музичкиот фетивал „Д-фестивал“ – Дојран

2017 – Учество и претставување на ликовни дела во театарската претстава и ТВ серија TV Box

2017 – Ликовно истражувачки проект „Темно“ предводен од наставниците на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи