Во јужниот кинески град Кунминг, синхронизирано се срушени 15 облакодери од комплекс наречен Liyang Star City Phase II. Според кинеските вести, за тоа се потрошени 4,6 тони експлозив кој бил поставен на 85.000 места во овие згради. Петнаесетте облакодери се со вредност од околу 154 милиони долари и биле срушени за само 45 секунди.
Изградбата на комплексот започнала во 2011 година, но тој не бил целосно завршен досега. Поради недостаток на капитал, изградбата запрела во 2012 година. Иако изградбата во еден сектор била завршена во 2015 година, преостанатите 15 солитери останале празни од 2013 година, па дури и кинеската влада се обиде повторно да го заврши проектот, но безуспешно.
Компанијата Yunnan Honghe Real Estate Co. ги откупила правата на земјиштето каде што се наоѓаа облакодерите. Било одлучено да се прекине изградбата бидејќи проектот не ги исполнувал сегашните барања на пазарот, а потоа било откриено дека темелите се изложени на дождовница и дека е невозможно да се направат поправки.
Експлозијата и прашината што се кренала зафатиле околу 500.000 квадратни метри, што е најголемата намерна градежна експлозија во историјата на Кина.