На 31.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа било констатирано дека 36 возачи возеле побрзо од дозволеното, од кои во населено место 14, додека 20 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место.
Откриени се и 12 други прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.