Царовска го однесе синот на училиште: Конечно детскиот џагор се врати во училиштата

Facebook
Twitter
Email
Print


Училишната година започна со физичко присуство за сите ученици. Конечно, детскиот џагор се врати во училиштата, што посебно ме радува, пишува министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот фејсбук-профил.

„На син ми Давид, којшто е четврто одделение, денеска кога го однесов на првиот час му порачав да се придржува до правилата кои ни ги наметна пандемијата – задолжително да носи маска додека е на затворено и често да мие раце. Му реков, дека тоа е така затоа што треба да се заштити себе си, а со тоа и другите, бидејќи само така можеме подолго да го задржиме џагорот на учениците во училиштата. Му посакав и успешно совладување на новите наставни програми и максимално користење на дигиталните материјали за учење кои се новина од оваа година.

Но сето ова, ниту малку не треба да ја намали радоста на децата, затоа што и да носиш шарена маска е и да учиш од таблет е интересно. Среќна учебна година на сите ученици“, нашиша Царовска.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи