Во атарот на село Негорци полиција пронајде и заплени поголема количина на дрога. Станува збор за 381 насад со канабис сатива, при што приведени се 4 лица.
„При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насад од растението канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото“, велат од МВР.
Станува збор за млади лица на возраст од 21 до 30 години, односно лишени од слобода се Ј.М. (30) од с. Негорци, С.В. (25) од Гевгелија, В.Л. (21) од Богданци и Х.М. (23) од Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.