На 01.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 29 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 9 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 20 други прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.