Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за ангажирање на граѓаните, ќе обезбеди техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за изготвување нов Закон за употреба на податоци од јавниот сектор, кој треба да биде усогласен со соодветната директива на Европската Унија (ЕУ).
„МИОА во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за употреба на податоците од јавниот сектор со директивата на ЕУ. Во овој случај, ќе се анализира постојниот закон за употреба на податоци, ќе се оцени влијанието на регулативата врз новото законско решение, како и новиот закон кој ќе се изготви со користење на анализи и мислења на експерти и со консултација со сите засегнатите страни”, информира министерот за информатичко општество и администрација, г -дин Јетон Шаќири.
MИОА исто така информира дека Фондацијата Метаморфозис веќе објавила повик за ангажман на експерт/и, кои ќе бидат ангажирани во изготвувањето на законот.