ВИДЕО – Одлична забава на The Dreamers на синоќешниот концерт во Прилеп


Синоќа на летната сцена во домот за култура „Марко Цепенков“ прилепската група „The Dreamers“ одржа концерт – игранка во ритамот на македонските 90-ти. Забавата беше во рамки на фестивалот „Цело е кога се има 30“. Идејата била да се реатуелизираат песни кои како генерација ги слушавме кога се создаваше самостојна и суверена Македонија.

Имаме песни од Игор Џамбазов, Тоше Проески, Андријана Јанеска и други. Хитови, евергрини кои останале и денес познати, особено на публиката која била во тинејџерските години во тие 90 години. Изборот на песни одеше лесно, секој од бендот имаше по некоја идеја, секоја кажавме по некоја песна која што му е омилена од тоа време и го направивме лесно репертоарот“, истакна Маја Црвенкоска, дел од бендот на The Dreamers.

 

„90-те го избравме како период бидејќи е најрадосен од осамостојувањето на Македонија, имаше некоја полетност, некоја неверојатна енергија, не само во музиката, туку насекаде во Македонија за градење на нова држава. И незнам можеби јас како највозрасен во бендот раскажувајќии со емоции како тинејџер во тоа време ги заразив останатите и ја прифатија идејата да работиме баш од тоа време. Не сме комплетно само од 90-те, туку викаме во ритамот на 90-те и уште нешто“, истакна Милан Секулоски, дел од бендот на The Dreamers.

Од The Dreamers велат дека фестиваот „Цело е кога се има 30“ е единственото културно случување оваа година во Прилеп, кое се одржува по повод 30 години од независноста на Македонија и дека истиот треба да продолжи да се oдржува и понатаму.

„Цело е кога се има 30 за жал како што кажа е единствената културна манифестација во градот оваа година и би требало да продолжи да се одвива затоа што е квалитетно организиран, на највисоко ниво, квалитетно осмислен пред се ии реализацијата е феноменална. Треба овој фестивал да продолжи да добива поддршка буквално секаде каде што треба, Министерство за култура, бизнис сектор и секој која сака да помогне“, додаде Секулоски.

Членовите на бендот велат дека оваа година поради пандемијата е една најтешките години за културните работници. Се надеваат дека оваа криза ии пандемијата ќе завршат што е можно побрзо за да може нормално да функционираат.

Како и сите други бендови во државава, не е лесно, се трудиме да опстоиме, да бидеме тука во градот, да имаме често свирки, но не е толку лесно како што беше порано да се организира, да се има свирка на сред недела и во викенд. Сега не се случува тоа, бидејќи луѓето знаеме дека се исплашени, но и ковид 19 си го направи своето“, потенцираше Црвенкоска.

The Dreamers имале веќе музика и текст за нова песна, но се уште не сакаат да откриваат детали. Вечер на летната сцена во домот за култура настапуваат The Hounds со концерт на авторска музика, претставување на вториот самостоен албум, а ќе има и неколку други изненадувања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи