Јовчески: Комуналната хигиена и недостатокот на паркинг места ќе бидат приоритет


Мотивацијата да се кандидирам за градоначалник на Прилеп ја најдов во секојдневните контакти со моите пациенти и со граѓаните кои искрено ми кажуваат што недостасува во градот, вели Д-р Борче Јовчески во интервју за „Република“.

Јовчески вели дека во градот има многу проблеми, но оти најголем е комуналната хигена и дека отворените контењери кои се извор на зараза, но и врталишта на бездомните мачки и кучиња ќе ги замени со подземни.

Според него огромен проблем за прилепчани е и немањето на доволен број на паркинг места, кои со реконструкцијата на булеварот беа драстично намалени, па така приоритет во неговата програма ќе биде изградбата на монтажни катни гаражи, со кои би стопанисувало јавно претпријатие.

Јовчески исто така вети и дека ќе ги врати сјајот на препознатливиот бренд на градот „Пиво фест“, но исто така и останатите манифестации кои биле запоставени последните години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи