ВИДЕО – По повод 8 Септември – „Трка за Независност“ низ улиците во Крушево


„Трка за Незавиност“ беше насловена уличната трка долга 5 км. која вчера се одржа низ улиците во Крушево по повод 8 Септември, денот на независноста на Македонија и денот на ослободувањето на Крушево. Трката е завршен настан од проектот насловен како „Младински активизам за еко туризам“.

„Стартот е целта се исто така пред споменикот Илинден, како едно симболично потсетување на се она што македонскиот народ го направил за одлободување, за независнот, за сувереност, што денес ја ужииваме“, истакна Лефкија Гажоска, организатор на настанот.

Учествуваа 50-тина натпреварувачи од повеќе градови. Сите се надеваат дека трката ќе прерасне во уште еден препознатлив бренд за Крушево.

„Одлучивме да се трча на 5 км. догодина можеби ќе има 10 км. Затоа што полумаратони има доста во Македонија, недостигаат улични трки на 5 км. и 10 км.“, рече Никола Кискоски, директор на трката.

 

„Ова е една убава промоција за Крушево и освен останатите настании коии го збогатуваат нашиот град, ова беше интересна нова активност која што ќе премине во традиција“, додаде Димитар Ангелкоски, учесник на трката.

И директорот на скопскиот маратон вели дека се повеќе градови започнуваат да организираат свои улични трки.

„Тренд е во светот луѓето да живеат здрав начин на живот, луѓето сакаат да посветат внимание на себе, да спортуваат да рекреираат и со овие улични трки кои се организираат во повеќе градови се промовира трчањето, здравиот живот и атлетиката“, истакна Кире Синадиновски, директор на Скопскиот маратон.

Настанот е поддржан од Агенција за млади и спорт, а организатор е НВО – Центар за хумани односи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи