Тутунарите денеска преку соопштение излегоа со поддршка за лозарите.
„Со жалење можам да констатирам дека лозарите како и минатата година повторно може да бидат изиграни и прелажани како од винариите така и од институциите и родот да им биде земен така речи по багателни цени.
Да не наседнуваат на никакви преговори и разговори кои имаат за цел да се купува време а откупот да си тече и грозјето да се дава по мизерни цени. Истото ова ни се случи нас на тутунарите во минатата реколта и можам да кажам дека ниту тутунот се откупи во целост ниту пак имаше ефект од преговорите.
Затоа ние како земјоделски и тутунски здруженија даваме максимална подршка и ве охрабруваме да истраете на блокадите и вашите барања, бидејќи поучени од лично искуство ве уверуваме дека само така може да се изборите за подобри цени.
Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија на тутунарите