ВИДЕО – Со настапот на Зарина Првасевда и Supehiks Banda Instrumentale заврши фестивалот „Цело е кога се има 30“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Голем број концерти, диџеи, театарски претстави, танцови перформанси, изложби, вариете шоу, градски игранки, прикажување на документарни филмови и уште многу други настани беа дел од фестивалот „Цело е кога се има 30“, кој синоќа после траење од 15 дена заврши во Прилеп со настапот на неповторливата Зарина Првасевда и концертот на Supehiks Banda Instrumentale. Фестивалот се одржуваше по повод 30 години независност, а беше поддржано од Владата. Ова беше единственото поголемо културно случување во Прилеп ова лето.

„Вакви фестивалии каде што се нуди нешто поразлично, нешто алтернативно, нешто со кое што се прави реактуелизиација на она што се нарекува македонско културно наследство и македонска колективна меморија и свест, што ние треба да ги носиме се далеку од потребни. И ваквите фестивали може да опстојат само ако бидат препознаени од страна на некои институции кои треба да се погрижат да има култуно-забавен и едукативен живот во нашиот град“, истакна Саша Нацевски, организатор на Фестивалот.

Фестивалот се одржуваше во Прилеп и Крушево, а на сите настани беа максимално запазувани здравствените протоколи. Тој претставува континитет на претходните фестивали, настани и ииницијативи кои се случуваа на културен план во Прилеп, како Јавен Простор Прилеп и фестивалот „Со Марко на улица“.

„Претставува обид да се зацврсти местото на Прилеп на културната мапа на Македонија, да се има влијание врз институционализираноста на културата во Македонија и со самото тоа нејзината децентрализација. И покрај сите новонастанати протоколи кои се поврзани со ковидот, кои се менуваат секој ден, сметам дека одлично организациски го сносивме целиот товар“, додаде Звонко Димоски, проект менаџер на Фестивалот.

Организаторите најавуваат повторно ваков Фетсивал, со главна тематика реактуелизација на македонското културно наследство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи