ВМРО-ДПМНЕ: Зошто не се изгради велосипедската патека околу езерото и зошто Прилеп последен го реализираше овој проект?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Реализацијата на проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ е за поздрав. Но јавноста треба да добие одговор на многу нелогичности и прашања кои оставаат сомнеж, а се поврзани со овој проект. Се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Проектите во останатите 19 општини ја имаа својата реализација во почеток на 2019. Зошто Општина Прилеп остана последна со реализација на овој проект?

На презентацијата на проектот во Општина Прилеп, јавноста беше информирана дека во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти меѓу кои: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот ,,Маркова чешма” до с.Присад во должина од 7,3 km и ширина од 3 m; како и останати 4 потпроекти, сите пет вкупно во износ од 850.000€, проект финансиран од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп.

На информативната табла која повеќе од една година беше поставена на потегот „Маркова чешма” стоеше : „Реконструкција на улица и паркинг до комплекс со спортски содржини, пешачка и велосипедска патека“ во вредност од 36.547.738,00 денари и дека истата треба да се реализира во периодот од 11.03.2020г до 30.09.2020г.

До денес нема ништо од велосипедската патека околу прилепското езеро, врз која се базираа и останатите активности од проектот. Јавноста заслужува да знае зошто е тоа така? Што се случи во меѓувреме за да се измени проектот?

Зошто престанаа активностите после неколку неуспешни обиди изведувачот на проектот да ја трасира патеката?

Дали тоа се должи на фактот дека трасата поминувала низ приватни парцели? Или пак велосипедска патека нема бидејќи имало обид истата да поминува низ стрелиштето за боево гаѓање Леково, па после реакција на АРМ, комплетно е прекинато трасирањето на патеката?

Дали тоа значи дека при конкурирање на инвеститорот му се дадени непроверени информации?

Јавноста заслужува да знае кој ќе ги плати направените трошоци кои настанаа при обидите да се трасира патеката?

Еден од основните услови е да се изработи Еколошки елаборат кој ќе гарантира дека нема да има никакво пресекување на водниот тек. Дали Општина Прилеп изработила ваков Еколошки елаборат и дали тој содржел релевантни информации какви што се барале од страна на инвеститорот, oстанува уште едно од низата неодговорени прашања“, се вели во реакцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи