Комодските змејови, најголемите живи гуштери, се во опасност од истребување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Комодскиот варан или комодски змеј (науч. Varanus komodoensis) е најголемиот жив гуштер.

Варанус комоденсис, член на гуштерите со околоп од фамилијата Варанида. Тие живеат на островот Комодо и уште на неколку соседни острови во Индонезија.

Комодските змејови растат до 3 метри во должина, достигнуваат до 135 кг во тежина, а можат да живеат до 100 години. Копаат јами за живеење кои достигнуваат длабочина до 9 метри. Мршите се нивната главна исхрана, но возрасните честопати јадат и помали примероци од комодските варани. Можат брзо да трчаат, повремено напаѓајќи и убивајќи луѓе.

Гуштерот се пари еднаш годишно и тоа само во периодот јули и август се парат 3 мажјаци и 1 женка. Јајцата се несат во специјална ископана дупка направена посебно за јајцата, потоа женката лежи на нив 9 месеци. Кога ќе се изведат од јајцата тие излегуваат од јацата. Просечната должина им изнесува 35 см. Веднаш по излегувањето од земјата, малите се селат на повисоките дрва за да се заштитат самите себеси од разни животни.

За жал, нивните денови овде може да им се изброени.

Новиот извештај на меѓународната организација за заштита на биолошката разновидност вели дека влекачите се приближуваат до глобално истребување.

Според Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), проценка на здравјето на десетици илјади видови низ целиот свет, комодските змејови од „ранливи“ станаа „загрозени“.

Зошто тие се толку загрозени?

Поради климатските промени. Зголемувањето на глобалните температури и повисокото ниво на морето, вели IUCN, ќе го намали живеалиштето на Комодо Змејот до за најмалку 30% во текот на следните 45 години.

„Идејата дека овие праисториски животни се приближија чекор поблиску до исчезнување, делумно поради климатските промени, е застрашувачка“, вели д -р Ендрју Тери, директор за заштита на зоолошкото друштво во Лондон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи