ВИДЕО – Пуштен во употреба спортско-рекреативниот комплекс кај езерото вреден над 800.000 евра


Денеска свечено беше пуштен во употреба спортско рекреативниот комплекс кај прилепско езеро насловен како „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“. Основната идеја за проектот била да се врати сјајот на некогаш најпопуларното и омилено излетничко место на прилепчани. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и од Владатана Македонија, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Истиот е администриран од Светска Банка, а се спроведува од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Фатмир Битиќи. Комплексот содржи ,ултимедијално плато, летниковции, урбана опрема, кошаркарско игралиште со трибина, одбојкарско игралиште, 4 мали маси за пинг понг, 4 детски игралишта, кои сите се осветлени за да може да се користат и во ноќните часови. Изградена е пешачка патека со должина од 700 метри и ширина 1,5 метри.

„Најголемиот и најубавиот објект во функција на рекреативната зона е мултимедијалниот простор под сенките на зимзелената шума, кој претставува  комплекс од 3 летниковци и 20 клупи за седење, како и плато кое ќе служи за изведување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите. Целиот објект е изграден од природни материјали – камен и дрво, со цел да се задржи природниот амбиентален изглед“, рече Илија Јованоски, градоначлник на Прилеп.

Овој проект е еден од 57 проекти финансирани преку Проектот за локална и регионална конкурентност на ЕУ и е еден од водечките проекти за развој на туризмот кај нас. Велосипедската патека која беше предвидена не е реализирана бидејќи имало грешка во проектот, а парите за неа биле пренасочени во овој комплекс. Инаку проектот се реализира со големо задоцнување.

И би се приклучила и би го поддржала градоначалникот во неговиот апел да го зачуваме овој прекрасен простор, да го надоградуваме, да водиме сметка за него, бидејќи навистина сметам дека едно прекрасно место, каде не само прилепчани туку и гости од страна може да дојат и да уживаат, во убавините и можностите кои ги нуди овој спортско рекреативен центар“, рече Антониа Шишак, директор на проектот за локална и регионална конкурентност.

Комплексот ќе се даде на користење и одржување на ЈКП Комуналец. Истиот има видео надзор и стражарска служба која таму ќе биде присутна 24 часа.

Јавното комунално претпријатие формира и посебен оддел кој ќе се грижи за одржување ии санирање на настанати штети на сите спортски објекти во градот. Можеби и вие знаете дека во рамки на можностите го одржуваме градскиот стадион, го реновираме постоечкиот компекс на Могила, тревнатиот терен, теренот со вештачка трева и плус сега го земаме овој комплекс. Ние тука секојдневно ќе се грижиме за хигиената пред се, за одржување на инфраструктурата, а понатаму и за збогатување и на содржините. Се надевам дека ќе имаме соработка и од локалната самоуправа бидејќи за сите тие зафати и активности ќе треба да имаме поддршка и од буџетот на општиина Прилеп“, вели Сашо Велески, директор на ЈКП Комуналец Прилеп.

Главниот апел кој беше упатен денеска е овој комплекс да се чува од страна на граѓаните и да не расфрла на ѓубре на сите страни, затоа што во последниве денови бевме сведоци како летниковците се затрупани со ѓубре, иако контејнерите се наоѓаат на само неколку метри од нив.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи