До вчера 12 338 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 54 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список.
Државната изборна комисија соопшти дека на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 53 барања, а постапката за јавен увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември 2021 година.