Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека состојбата во болниците е под контрола и дека сите пациенти без разлика на кое одделение тие престојуваат, сите добиле лекарска грижа.
„Во Клиничкиот центар на Интерните клиники и покрај тоа што се зафатени одделенијата со ковид пациенти за Неврологија, еден дел за уво, нос и грло и за дерматологија, останатите клиники се направени и зелени зони и место каде што се движат лекарите за вообичаените прегледи, така што на останатите клиники работата и покрај тоа што даваат кадар во ковид центрите не е запрен“, изјави Филипче.
Значи, посочи Филипче, целосно со целосен капацитет работат амбулантите и на гастро, и на пулмологија, целата Интерна клиника.