Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека анализите на Mинистерството за здравство покажуваат дека добро се одвива процесот на вакцинација и расте бројот на вакцинирани повозрасни граѓани.
„Сега ставаме акцент да се вакцинираат помладите граѓани, вирусот се шири меѓу нив. Докажано е дека вакцината е безбедна. Само со вакцинација можеме да ги нормализираме животите. Во четврток ќе се отвори пункт за вакцинација и кај кампусот „Св. Кирил и Методиј“, соопшти министерот Филипче.