Италијанскиот пилот Дарио Коста во саботата влезе во Гинисовата книга на рекорди кога со својот авион прелета низ 2 тунели на автопатот Северна Мармара во Истанбул.
Неговиот лет низ тунелите Т1 и Т2 траеше вкупно 43,44 секунди, со што Коста го собори светскиот рекорд во најдолгиот лет со авион низ тунел.
Храбриот пилот се спушти на само еден метар над земјата и имаше само четири метри од двете страни на неговиот специјално направен авион. Вкупната должина на летот беше 1.610 метри. Помина низ два тунели со просечна брзина од 245 км/ч.
so Dario Costa just became the first person to fly a plane through TWO tunnels and we are literally speechless🤯 #givesyouwiiings #worldrecord pic.twitter.com/Uk3RFqeVPZ
— Red Bull (@redbull) September 4, 2021