Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста.
„Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност. Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки“, изјави министерот.