Филипче: Бројот на новодијагностицирани се намалува, ситуацијата спласнува

Facebook
Twitter
Email
Print


Бројот на лица заразени со ковид 19 и хоспитализирани низ целата земја продолжува да паѓа. Во Тетово и Гостивар, каде што ситуацијата неодамна беше лоша, сега е постабилна. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека падот на бројките е добар сигнал.

„Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90. Нема повеќе голем број на пациенти кои се хоспитализирани во тетовската болница, сега се 90 наспроти 120 кои беа претходно. Така што сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци“,  рече Филипче.

Тој истакна дека нема притисок во болниците каде што висок е опфатот со вакцинација во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е притисокот таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

На целата територија на земјава досега се вакцинирани околу 570 илјади граѓани со две дози. Според здравствените власти, има доволно вакцини. За да се постигне колективен имунитет, треба да се вакцинираат 80 отсто од населението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи