Ниедно училиште не е затворено поради бојкот, кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска откако беше најавена блокада на наставата.
„Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете“, рече Царовска.
Таа посочи дека новата програма треба да даде квалитет и да ги насочи учениците да учат и да ги поврзуваат сите теми кои се дадени во наставните програми и понатаму во животот да можат да ги применат тие знаења.
„Квалитетно и инклузивно образование значи пристап до образование за секое дете. Тоа го овозможуваме со реформските процеси и новата Концепција за основно образование“, додаде Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.