Eдно одделение со 21 ученик од прилепското основно училиште ООУ „Гоце Делчев“ од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката кој бил позитивен на тестот за коронавирусот.
Во изолација е и 1 предметен наставник кој имал контакт со него.
Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа одделението ќе следи онлајн настава.
„Учениците од деветто одделение ќе следат настава онлајн, а предметниот наставник ќе предава онлајн додека е во изолација. Инаку, во сите основни и средни училишта наставата се одвива без проблеми и застој“, вели Николоска за Инфо Компас.