Кој колку заработува од студентите?! Шест приватни универзитети со вкупен приход од десетина милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според податоците на Државниот завод за статистика, во академската 2020/2021 година се запишани 50.881 студенти, што претставува намалување за 1,7 процент во однос на академската 2019/2020 година. Најголем број студенти – 83.8 % се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 %, или 7.886 се запишани на приватните високообразовни установи.

Зависно од изборот на факултетот и од изборот на приватниот универзитет, за студирање, за една година потребни се од 500 до 3.000 евра. Некои приватни образовни институции, за да привлечат студенти за првата година даваат попусти, има и разни фондови што вршат стипендирања, а постои и можност и да се учи и да се работи во комапнии поврзани со универзитети, како и да се подигне студентски кредит.

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.Мк открива какви се заработките на најгомемите приватни високообразовни институции.

Најголем по вкупен приход лани бил Меѓународниот балкански универзитет. Тој е основан  во 2006 година од Фондацијата за образование и култура „ÜSKÜP“. Универзитетот лани имал приходи од околу 3.000.000 евра и тие биле 55% поголеми отколку приходите во 2019 година. Сепак, оваа високообразовна иснтитуција не може да се пофали со високи добивки, односно во 2019 година имала загуба од дури 250.000 евра, а лани била во добивка од 116.000 евра.

Втор по остварен приход е Универзитетот Американ колеџ, основан во 2005 година. Сопственик на универзитетот е компанијата Акс менаџмент“.  Универзитетот се декларира како високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. Американ колеџ лани остварил вкупен приход од 1,7 милиони евра, а неговата добивка изнесувала околу 280.000 евра и била за 6,2 проценти помала отколку во 2019 година.

ФОН, кој се смета за еден од првите приватни универзитети, минатата година се преименува во Американски универзитет на Европа – ФОН (АЕУ-ФОН). Минатата година, Универзитетот имаше огромен пад на добивката од дури 72,6 проценти. Вкупните приходи на Универзитетот, сопственост на бизнисменот Фиат Цаноски, беа речиси1,7 милиони евра и беа за 27 проценти пониски отколку во 2019 година. Ланската добивка на АЕУ-ФОН беше 180.000 евра, додека во 2019 година изнесувала дури 650.000 евра.

На официјалната страница на Министерствтото за образование има 12 акредитирани приватни универзитети: Европски универзитет – Скопје, АЕУ-ФОН – Скопје, Универзитет Њујорк – Скопје, Американ колеџ – Скопје, МИТ – Скопје, Меѓународен славјански универзитет – Свети Николе, ЕСРА – Скопје, Универзитет за туризам и менаџмент- Скопје, Меѓународен универзитет – Струга, Меѓународен балканки универзитет – Скопје и Меѓународен универзитет Визион – Гостивар.

Еве какви се приходите и добивките на дел од поголемите приватни универзитети:

За минатата година нема ажурирано податоци за еден од најпознатите приватни универзитети – Европскиот универзитет чиј основач е починатиот Бојо Андреески. Последни податоци се за 2019 година и според нив, во таа година Универзитетот остварил добивка од 317.000 евра, а вкупните приходи му биле 1,6 милиони евра.

Без Европскиот универзитет, податоците покажуваат дека најмногу приходи има Меѓународниот балкански универзитет, а најголема добивка Американ колеџ.

Редакција Пари

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи