Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 30 август до 5 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 71 нов случај на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 5 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 280, на болничко лекување се наоѓаат 25 лица, сите 25 се наоѓаат на кислородна поддршка.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.737, a oд почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 438 лица.