Преку ДНК анализи идентификувани се 14 лица коишто загинаа во пожарот. На обдукција е донесено и телото на помлада пациентка којашто починала непосредно пред пожарот, објави Дојче веле. Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите. Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги.
„Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина“, вели првиот човек на Институтот за судска медицина, Александар Станков за ДВ.
Во тек е истрага за причините за несреќата.