Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=6
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 11 °C до 26 °C.
Викендов времето ќе биде потопло, сончево време се најавува и за двата денови.
Температурите на некои места ќе достигнат и над 30 степени Целзиусови.