Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку минути поднесе оставка на својата функција, како што рече, заради чувството на морална и етичка одговорност поради страотниот пожар во Ковид центарот во Тетово, во кој загинаа 15 луѓе.
„Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај во нашата земја. Го паметам тој ден, имавме две пресконференции од оваа иста говорница. Од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно, соопштувајќи ги сите и добри и лоши вести.
Пред граѓаните стоев транспарентно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните.
Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата.
Почитувани, како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка.
Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.
Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче
[MK][🔴 Во живо] Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче
Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Friday, 10 September 2021
Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата и министрите на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство.