Од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди, изјави министерот за здравство Венко Филипче на првата прес конференција по пожарот во тетовската модуларната болница.
Филипче изрази сочувство до семејствата, ја повика јавноста да не се шират дезинформации и изјави дека модуларните болници биле градени по современи стандарди. На најголемиот број прашања, министерот за здравство се повикуваше на истрагата, вклучително и на прашањето за тоа дали ќе даде оставка.
„Во многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност ниту бегам, ниту ќе бегам, но ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата”, изјави Филипче.