Наши читатели, вљубеници во природата, ни испратија фотографии од нелегално исечени борови дрвја околу вештачкотое езеро кај Прилеп, односно на потегот околу езерото кога до него се стигнува од месноста Маркова чешма.
Ова е само уште показател дека државата со години ниту презема нешто, ниту пак има намера да преземе нешто, во врска со дрвокрадците кои ги опустошија буквално сите планини околу Прилеп.
Цели предели во прилепско се претворени во пустини. Засега ниту една Влада не собра храброст да се соочи со дрвната мафија.