Дали е на повидок раздор во ВМРО-НП помеѓу централата и Општинскиот комитет во Прилеп. Горан Јорданоски, член на Централен комитет на ВМРО-НП и член на Општински комитет Прилеп, за Инфо Компас, истакна дека се крајно револтирани од одлуката на генералниот секретар на ВМРО-НП, Љупчо Балковски, кој за кандидат за советник за наредните локални избори поставил друг член, наместо тој кој што го избрале ОК на ВМРО-НП во Прилеп.
„Во ВМРО-НП Прилеп има големо незадовство кон генералниот секретар Љупчо Балковски за двојни игри и непочитување на одлуката за избор на кандидат за советник при ОК на ВМРО НП во Прилеп. И при тоа ја доведува под прашање коалицијата на локално ниво со СДСМ како и нашето учество во Прилеп на локалните избори. Вечерва ќе заседава Општинскиот комитет на ВМРО-НП во Прилеп, а одлуката од истата ќе биде соопштена во понеделник во 10 часот на прес конференција“, истакна за Инфо Компас, Горан Јорданоски, член на Извршиниот комитет на ВМРО-НП.