На 17 септември, во петок, во домот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи концертот за деца „Симфониска поема „ПЕТРЕ И ВОЛКОТ“, од Сергеј Прокофјев, а во изведба на НУ Филхармонија на Македонија.
Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. И овојпат, наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.
Гостувањето на НУ Филхармонија во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.
Инаку влез е само со влезници, по прописи за заштита од корона вирусот. Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 ч. и во петок од 10 до 12 ч. и од 17 до 19.00 часот на билетарницата од Центарот.