Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот попишани се 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Преку апликацијата за попис на дијаспората досега се самопопишани 192.827 лица кои живеат во странство.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.