Заев: Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата.

„Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на демократијата.

Во годината кога Република Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, го славиме и големиот принцип дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот.

Денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.

Во нашата Република Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права.

Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети“, порача Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи