Корекцијата на цената на грозјето за откуп стапува од вечерва, според која откупната цена за „Смедервка“ ќе изнесува 10 денари, а 12 денари за „Вранец“.
На состанокот на министерот Аријанит Хоџа со претставниците на винарските визби е договорено на сите лозари кои веќе го предале грозјето по цена пониска од денеска договорената, разликата во пари винариите да им ја надоместат. Министерот потсети дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.
„Откупот ќе продолжи непречено.Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и дека нема да остане ниту еден килограм неоткупен“, информира Министерството за земјоделство.
Министерот Хоџа за Канал 5 изјави дека државата се помалку ќе интервенира со буџетски средства сега и во иднина при октупот на грозјето и ќе работи на воспоставување на врските меѓу лозарите и винариите.