Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.
Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, согласно, како што рече, утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Oчекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага“, изјави Арсовски.