Бројот на луѓе кои имаат над 100 години во Јапонија надмина 86.000 лица, пренесe Анадолија. Јапонија ја има една од најстарите популации во светот. Просечната возраст на жените во Јапонија е 87,74 години, а мажите 81,74 години.
Јапонското Министерство за здравство објави извештај за статистиката поврзана со стареењето на населението во земјата.
Во моментов, во Јапонија живеат 86.510 луѓе на возраст над 100 години, од кои 76.450 се жени, а 10.060 мажи.
Најстарата жена во Јапонија е 118-годишната Танака Кејн од Фукуока. Најстариот Јапонец е 111-годишниот Уеда Микизо од Нара.