Прилеп со највисок морталитет од Ковид-19 во државава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје Прилеп е градот со највисок морталитет од Ковид 19 од почетокот на пандемијата во Македонија, заедно со Охрид. Крушево и Струга пак се двата града со највисок летатитет.

Според извештајот од почетокот на пандемијата во Македонија до 12.09.2021 се регистрирани 6.277 починати лица поради компликации од Ковид 19. Од тие 3.805 се лица од машки пол, додека 2.472 се лица од женски пол, а дури 73% имале претходни коморбидитети.

Првиот случај на зараза со ковид-19 во Македонија е регистриран на 26.02.2020.

Вчера Министерството за здравство објави дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893, бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи