Аудиокасета со снимка на која Џон Ленон пее досега необјавени песни за време на неговиот престој во Данска 1970 година, ќе биде ставена на аукција. Аудиокасетата е проценета меѓу 27.000 и 40.000 евра и трае 33 минути. Аукцијата ќе се одржи на 28 септември во Копенхаген, Данска објави аукциската куќа „Брун Расмусен“.
Снимката е сосема уникатна бидејќи содржи и разговор.
Снимена е по прес-конференција, кога средношколци, заедно со неколку новинари разговарале со Ленон, па тој им отпеал неколку песни.