Курти: Случајот „Монструм“ не е разјаснет докрај и треба меѓународна помош

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот на Косово Албин Курти, кој денеска со цела косовска влада дојде да одржи заедничка седница со македонската влада на Илинденска, нема доверба во нашиот судски систем, по прашањето на екстрадиција на избеганите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двапати осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковско Езеро во 2012 година.

Двајцата бегалци, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, во првото судење добија доживотни казни затвор. Истите казни ги добија и со првостепената пресуда во повторениот судски процес, донесена во февруари годинава.

Курти нема доверба во нашето судство, зборува за меѓународна помош во расчистување на случајот.

„Нашите министри за правда се во директен и редовен контакт и за ова прашање. Знаеме дека од минатото наследивме трагични случаи и тешки предмети кои имаа заследени тешки предмети. Но, има и други предмети кои според мое убедување не се разјаснети докрај и ја немаме за целосната вистина.

Заедно со премиерот Зоран Заев разговаравме за меѓусебна поддршка, но и за меѓународна помош, како би имало правда и за двете земји, но и за жртвите, како би се научила вистината на крајот”, вели Курти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи