Флота од 13 каскадерски возила од филмот „Mad Mad Fury Road“, добитник на Оскар во 2015 година, е понудена на продажба преку аукција. Круна на колекцијата е купето Форд Фалкон ХБ од 1973 година, попознато кај фановите како The Interceptor.
Возилата нема да излезат на отворена аукција, туку ќе се продаваат по пат на приватни преговори. Понудите во моментов се отворени преку Интернет, со рок до 26 септември.
Претходно оваа година, новиот филм „Mad Max“ беше потврден за објавување во 2023 година, а Крис Хемсворт, треба да го глуми главниот лик. Според медиумите, тоа ќе биде „најголемиот филм некогаш снимен во Нов Јужен Велс“.