„Изберете живот, гласајте зелено“ е слоганот под кој на овие локални избори ќе настапи ДУИ на локалните избори, информираше денеска на прес -конференција портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
„Изберете живот, гласајте зелено“, ова е слоганот со кој ДУИ ќе учествува на локалните избори, бидејќи заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да расветли како нашите кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини. Како ќе ги направат помодерни и како повеќе ќе ги вклучат граѓаните и секој ден ќе го слушаат нивниот глас. Ние како ДУИ се обидовме да останеме партија на дадениот збор и на реализирано дело, затоа се договоривеме со сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на живот“, изјави Османи.
Тој додаде дека кандидатите за градоначалници ќе најават модерна инфраструктураа, чиста и евтина енергија за сите граѓани, создавање на одржливи работни места за поттикнување на економијата и уште позелени општини.